Ќе се освети спомен обележјето за Водици во Охрид
На градското пристаниште во Охрид денеска ќе биде осветено и отворено спомен-обележје посветено на православниот христијански празник „Богојавление-Водици“.
Автор на скулптурата е академскиот скулптор Ангел Коруновски од Велес, а скулптурата е поставена на рељефен постамент со ранохристијански и богојавленски мотиви.
Спомен обележјето ќе го осветат свештеници на Дебарско-Кичевската Епархија предводени од митрополитот Тимотеј, а симболично ќе го отворат градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и Чифлиганец.
Отворањето на спомен-обележјето „Богојавление-Водици“ е во рамките на манифестацијата „Бело лето“, со што симбилично се означува почетокот на главната туристичка сезона во Охрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа