Се јавија и ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ: Да се смират тензиите во Македонија
Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да се воздржат од насилство. Ги повикуваме граѓаните и лидерите на државата да се соединат и во дух на конструктивен дијалог да се осврнат кон прашањата кои ги поткопуваат заемното разбирање и меѓуетничките односи, се вели во заедничката изјава на Делегацијата на ЕУ, Амбасадата на САД, Мисијата на ОБСЕ и Мисијата на НАТО.
Во изјавата се додава дека сите граѓани имаат право на протест и да ги изразуваат своите гледишта на мирен начин, но не и право да се вклучуваат во деструктивни и насилни акти.
- Додека секој меѓуетнички инцидент или обид за поттикнување нетолеранција претставува можност за политизирање или искористување на ситуацијата за лична или политичка корист, тоа исто така претставува можност за отворање дијалог и за зајакнување на врските меѓу различните заедници. Ова е можност за лидерите да застанат во име на интегрирана Држава која целосно го почитува диверзитетот, стои во заедничката изјава
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа