Вашингтон се разочара откако Претседателот Иванов го одложи претседателскиот Самит

 

Американскиот Стејт департмент во реакција по откажувањето на Самитот на Процесот за соработка во ЈИЕ вели дека се разочарани што е пропуштена оваа можност за дискусии за регионалните предизвици по силните напори вложени од страна на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

- САД не се членка или учесник во ПСЈИЕ, но ние ги поддржуваме идеалите и целите за процесот. Разочарани сме откако слушнавме дека Самитот е откажан. Македонскиот претседател Иванов и неговиот кабинет работеа многу напорно да организираат позитивен и продуктивен самит и за жалење е што лидерите од регионот ќе ја пропуштат оваа можност да дискутираат за предизвиците со кои сите тие се соочени. Идеалите за соработка и дијалог се критички важни за безбедноста, стабилноста и просперитетот на секоја држава и на Балканот во целина, изјавија претставници на Стејт департментот  на прашањето на МИА за реакција по откажувањето на Самитот.

Од Стејт департментот изразуваат надеж дека состанокот на министри за надворешни работи ќе биде продуктивен.

Претседателот Иванов денеска донесе одлука да го откаже Самитот образложувајќи дека Македонија не сака да биде учесник во игрите со вето и со бојкоти. Државниот интерес и достоинството на Македонија, појасни, го обврзале да ја донесе одлуката

најчитано сега