„Стенд ап комедија“ на Стево Пендаровски во Александар Палас

 

Поразениот кандидат на СДСМ за Претседател на Македонија, Стево Пендаровски вели дека неговата партија не ги загубила последните избори, пренесуваат порталите на СОРОС. За Пендаровски поразот од 136.000 гласа на претседателските избори и 200.000 на парламентарните не бил израз на волјата на граѓаните.

„Ние немавме изборен пораз. Ние не ја знаеме вистинската волја на граѓаните. Волјата ни беше киднапирана. Ако изборите беа чисти никој немаше да го натера Груевски да преговара. Совеста не му е чиста. Во анализата на мојт тим за претседателските избори дојдовме до податоци дека корупцијата за да победи против-кандидатот била за 30 насто поголема од претходните локални избори, а за 45 до 50 насто од претходните парламентарни. Да немаме илузија, вистинската опозиција е тука, вистинската опозиција е СДСМ, нема трет пат, се друго ќе бидат пиони на власта кои ќе имаат задача да глумат опозиција. Нека влезе во Парламентот кој сака, нека бидат и три, и пет и триесет пратеници. Ова е опозицијата и таа мора да се избори за слободата на граѓаните и да го урне овој режим – рече Стево Пендаровски на трибината која СДСМ ја организира денеска во Александар Палас, пренесува Либертас.

03.07.2014 - 12:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега