Се реконструира патот Арачиново-Липково

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија Муса Џафери, придружуван од заменик-министерот за транспорт и врски Џелал Бајрами, денеска присуствуваа на започнување на работите за реконструкција и изградба на регионалниот пат Арачино – Липково.

- Означуваме почетокот на реконструкција и изградба на регионалниот пат од Арачиново до Општина Липково, имено првата фаза од патот што вклучува околу 15 километри. Спроведувањето на оваа фаза ќе чини над 2 милиони евра,  рече Џафери.

- Со овој проект ја спроведуваме нашата програма, како што и ветивме. Овојпат првенствено ќе им служи на жителите на двете општини, Арачиново и Липково, изјави Џафери.

На настанот присуствуваа градоначалниците на Липково, Садула Дураку, и на Арачиново, Брахим Ајвази, како и пратеници и претставници од централната и локалната власт. 

ФОТО: Региони.мк

најчитано сега