Спиро Ристовски е новиот министер за образование - изгласани измените во владиниот кабинет

 

Собранието на Република Македонија денеска по паузата го прифати предлогот на Владата за именување нови министри за образование и за труд и социјална политика.

Имено, досегашниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски станува министер за образование, додека пак на негово место во Министерството за труд и социјална политика доаѓа Диме Спасов, кој досега ја извршуваше директорката функција во скопскиот Катастар, а за нов министер без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции е назначен  Џери Наумоф.

Премиерот Никола Груевски истакна дека се работи за лица со стручно образование и искуство.

Премиерот истакна и уверување дека тие правилно и совесно ќе ги извршуваат своите нови функции.

ФОТО: МИА 

најчитано сега