„Сонот го претвори во реалност“ - благодарница и пофални зборови за директорката на ФЗОМ
Она што пред 20 години за нас беше сон, денеска е веќе реалност, достапност на потребните лекови, отворена врата на институцијата но и слух за нашите проблеми кои резултираат со подбра здравствена грижа за лицата со хемофилија. Ова на денешната средба со директорката, Маја Парнарџиева-Змејкова и нејзиниот тим го истакна Драги Лаушевиќ,престседателот на Управниот одбор на Здружението „Хемолог“. На средбата одржана во ФЗОМ присуствуваше и Цветанка Нацескa, почесен претседател на здружението.
За посветеноста во подобрување на квалитетот на здравствените услуги за лицата со хемофилија, претставниците на Хемолог и врачија благодарница на диркеторката на ФЗОМ, Маја Парнарџиeва-Змeјкова нагласувајќи дека создала атмосфера на доверба, почит и искена желба да се решат проблемите и да се одговори на потребите на лицата со хемофилија.
Парнарџиева-Змејкова им се заблагодари на претставниците на здружението за искажаната доверба и истакна дека правата на осигурениците се приоритет во агендата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Фондот и натаму ќе продолжи со практиката да остварува редовни директни средби со здруженијата на граѓани бидејќи цени дека тоа е вистинскиот пат да се изнајдат најдобрите начини за унапредување на квалитетот на здравствени услуги согласно современите медицински трендови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа