Наставниците од Крива Паланка добија бесплатна обука за меѓуетничка интеграција во образованието

 

Во двете основни и средното општинско училиште од Крива Паланка беше спроведена обука во рамки на проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“.

- Основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ како училиште од етнички чиста средина се вклучи во проектот. Во дисеминацијата на училишно ниво денеска учествуваа 92 наставника кои подоцна мултиетничката димензија на образованието ќе ја интегрираат во училишните програми и воннаставните активности, изјави наставничката Наташа Колевска, која е дел од тимот за обука на локално ниво.

Како што рече Колевска, обуката е задолжителна за сите наставници.

- Една од реформите, која се воведува во македонскиот образовен систем е и проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“, а нашето училиште ја завршува последната фаза од истиот. Во поголем дел од училиштата во земјава проектот веќе е реализиран, но ние како етнички чиста средина сме опфатени во крајната етапа од реализацијата, рече Колевска.

Според неа, во претстојниот период ќе треба де се спроведат промените во самоевалуацијата на училиштето, една од клучните програми за работа, а исто така и годишната програма за работа на училиштето ќе ја опфати и мултиетничката интеграција во образованието.

Дисеминацијата ја спроведуваат наставници кои претходно беа на обука за проектот којшто го спроведоа Македонскиот центар за граѓанско образование и Центарот за човекови права и разрешување конфликти.

01.07.2014 - 16:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега