Оваа година една од најтоплите во последните децении - метеоролозите најавуваат пекол

 

Иако овие денови тоа не изгледа така, сепак, оваа година, до сега се става во оние кои се натпросечно топли, а прогнозите се дека така ќе остане и во наредните 4 месеци. Хрватскиот хидрометеоролошки завод објавува дека откако постаојат мерења (во последните 50 години) потопла од оваа година била само првата половина на 2007.
„Прогнозата на Европскиот центар за временска прогноза на среден рок од Ридинг, Велика Британија во периодот од јули до декември покажува продолжување на позитивното отстапување на средните месечни температури се до октомври.
Ноември и декември не упатуваат на тоа дека ќе има голем студ. Сепак, промените се можни, па потребно е редовно да се следат метеоролошките извештаи“ - вели за ХРТ метеорологот Зоран Вакула.
За денеска, македонските меотеоролози најавија сончево и топло време со температури над 31 степен. Долгорочната прогноза вели дека кон средината на месецот температурите ќе надминат 40 степени а УВ индексот ќе биде најмалку 8.

01.07.2014 - 14:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега