Министерот Џафери во Тирана го истакна придонесот на Македонија во полето на безбедноста и мирот
Денеска министерот за одбрана Талат Џафери беше дел од регионалната конференција „Јадранско-јонски безбедносни предизвици“ која се одржува денеска во Тирана, Република Албанија.
Говорејќи на првиот панел на конференцијата, министерот Џафери ги посочи реформските зафати преземени во Република Македонија.
- Одбранбените реформи континуирано се насочени на наредниот развој на распоредливи интероперабилни воени способности на нашите вооружени сили. Тековната трансформација ќе биде завршена во 2015 година со цел развој на 50 проценти распоредливи единици и способности за придонес во колективната одбрана на НАТО, како и во мултинационалните здружени операции предводени од НАТО, ЕУ и ОН, појасни министерот Џафери.
Придонесот, рече министерот Џафери, го даваме и во рамки на борбената група на Европската Унија, поточно минатогодишното вклучување во ЕУБГ 2012/2, како и очекувањето во иднина да бидеме дел од ЕУ БГ, во најголем дел формирана од земјите од регионот.
- Во одбранбената соработка можностите се големи – заедничка обука и вежби, учеството во регионалните центри за обука, формирањето на меѓународните воени единици, заедничкото учество во операции, заклучи министерот Џафери.
ФОТО: Денешен