Спасов: Иницирани дисциплински постапки за случајот со глувонемото дете

 

Министерството за труд и социјална политика поведе дисциплински постапки или иницијативи за дисциплински постапки за сите стручни лица кои на каков било начин биле вклучени во случајот со глувонемото дете кое беше сместено во Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско. Ќе се ревидира и наодот за категоризација на степенот и вид на попреченост на детето. Ова денеска го изјави министерот за труд и социјала, Диме Спасов.

- Случајот темелно го испитуваше социјална инспекција во рамките на МТСП, која за сето она што се потврди како недостаток или несоодветно постапување на службите презеде соодветна иницијатива за покренување дисциплински постапки на сите стручни работници кои постапувале по овој предмет, односно и за вработените во Центарот за социјални работи во Битола поради несоодветно и ненавремено постапување, рече Спасов и појасни дека во моментов по овој предмет, исто така, покрената е иницијатива за дисциплинска постапка против вработените кои несоодветно се грижеле за детето во Бања Банско, а оти дополнително и во рамките на МТСП покрената е дисциплинска постапка против службите и лицата кои работеле на овој предмет.

Информира дека дополнително по ревизијата на наодот и Министерството ќе преземе дополнителни активности во овој случај.

- Во секој случај овој предмет ќе го следиме со целосно внимание понатаму, детално се испитува постапката. Засега овие активности се преземени по овој предмет со цел да не се повторуваат вакви случаи во иднина. Социјалната инспекција ќе направи темелна контрола во сите институции при што згрижуваат деца со пречки во развојот за да се испита нивното постапување, нивната работа и однапред навремено да се корегираат одредени околности доколку има потреба, рече министерот за труд и социјална политика. 

01.07.2014 - 11:52
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега