ФОТО: Премиерот Груевски и јапонскиот колега Абе разменија дресови

 

Во духот на Светското првенство во фудбал, за кое „живее“ цел свет овие месец дена, премиерот Никола Груевски и неговиот колега, премиерот на Царството Јапонија, Шинзо Абе разменија дресови со број 20. Бројот 20 не е случаен. Тој ја симболизира  20-годишнината од дипломатските односи меѓу Македонија и Јапонија,  во чии рамки двете земји континуирано ја унапредуваат соработката.

Премиерот Никола Груевски овие денови е во дипломатско-економска посета на Јапонија. Оствари средба со јапонскиот принцНарухито на највисоко државно ниво, со групацијата ЈИЦА и оддржаекономски форум на кој беа потенцирани условите за инвестирање во земјава. Претседател на Јапонската бизнис асоцијација, Јуро Нагакава, потенцираше дека во август ќе предводи делегација од 10 бизнисмени во Македонија. Ќе престојуваат во земјава една недела, со цел да се иницира бизнис во Македонија.

Јапонија е искрен пријател на Македонија каде постојат многу потенцијали за развој и особено развивање на економските односи.

01.07.2014 - 11:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега