Адеми ќе го потпише договорот „Хоризонт 2020“
Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми денеска во Брисел во име на Владата ќе го потпише Меѓународниот договор помеѓу Република Македонија и Европската унија за учество во Рамковната програма за истражување и иновации - „Хоризонт 2020“.
Активното учество на Република Македонија во програмата, како што се наведува во соопштението од МОН, обезбедува интернационален пристап во истражувањата и иновациите на научната и бизнис заедница од земјата, поттикнување на мобилноста, трансфер на знаења и технологии, како и пристап до врвна експертиза во соодветните области.
01.07.2014 - 09:18
Фото:
либертас
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа