Купете си книга и дружете се со македонските спортисти

 

Спорт топ 100 до полноќ – е првиот од серијата најавени летни настани во организација на КлуботМатица, со кои се одбележува 15-та по ред акција “Со книга на плажа”.

Честа да го одбележат стартот на акцијата посветена на пишаниот збор ќе им припадне на македонските спортисти, во чие друштво сите посетители на Матица освен во книгите ќе имаат можност да уживаат и во натпреварите од Светското фудбалско првенство во Бразил.  Преку навивање и забава домаќините на првиот од низата планирани настани во рамките на кампањата “Со книга на плажа”, во случајов македонските спортисти со посетителите ќе ги споделат своите омилени наслови и воедно заеднички ќе го следат мечот помеѓу САД и Белгија.

Настанот ќе се одржи во Вторник на 1 јули, а  предвидено е да започне по зајдисонце и да трае се до полноќ, и тоа пред платото на Клубот Матица, на Булеварот на книгите. Освен што сите заеднички ќе се вклучиме во фудбалската треска која деновиве владее низсветот, целата атмосфера и навивачката еуфорија ќе бидат надополнети со 100 препорачани наслови по суперцени.

Затоа сите вие кои се подготвувате за плажа и наголемо ја планирате својата летна колекција на книги, а притоа сакате да уживате и во фудбалот и дружењето,Матица нека биде вашиот избор.

ВТОРНИК! ПО ЗАЈДИСОНЦЕ! ДО ПОЛНОЌ!

Омилените 100 наслови на македонските спортисти како: Хитот на летото “Последната Пролет во Париз”, “Ќерките на Рим”, “Кој тропа на прозорецот”, „Вкусот на гревот“„Балкан во Лондон“, „Рогот на љубовта“, „Нишан“, „Андалузискиот пријател“, „На бал со кралот“, „Златното лале“, „Нежниот бунтовник“....по откачено добри цени.

Освен што настанот ќе биде одлична можност за купување книги по неверојатни цени и дружба со нашите спортисти, во исто време ќе можете и да ги дознаете омилените книги на фудбалската легенда Дарко Панчев, маратонката Теодора Раптис, ракометарот Дејан Манасков од ракометниот клуб Металург, кајакарот Атанас Николовски, Страхиња Милиќ од РК Вардар, маратонците Томи Стефановски и Евгениј Поп Христов, ватерполистите Владимир Латковиќ и Игор Милановиќ и уште многу други.

Вторник, 1 јули, 21 часот на Булеварот на книгите...

Спорт топ 100 до полноќ!

 

 

29.06.2014 - 12:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа