Четвртата и последна етапа од Вардарската регата „Гемиџии“

 

„Гемиџиите“ утринава ја стартува четвртата и последна етапа од Вардарската регата „Гемиџии“. Последната етапа на пловидба низводно Вардар  денеска е од Марвинци до мостот под Гевгелија.

Инаку, над 150 учесници на Вардарската регата „Гемиџии“ од под Мало Мовче во четвртокот тргнаа во водите на Вардар со десетина гумени чамци, дрвен сплав, потпомагала од повеќе десетина кајакари. Првпат запловија и со новоизработената дрвена гемија по примерот на онаа со која пловеле велешките трговци по Вардар до Солун пред сто и повеќе години.

Учесниците на петтата возобновена односно 16.Вардарска регата „Гемиџии“ имаа голема голема логистичка подршка од копно од АРМ и МВР, како и од Дирекцијата за заштита и спасување.

„Гемиџиите“ синоќа го имаат последниот логор кај селото Марвинци. 

29.06.2014 - 11:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа