Презентација на измените во Законот за катастар

 

Во Агенцијата за катастар на недвижности денеска ќе бидат презентирани измени на Законот за катастар на недвижности, што ги усвои Владата минатата недела.

Измени ќе ги презентираат министрите за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Диме Спасов и Директорот на Агенцијата за катастар и недвижности  Славче Трпевски.

Законските измени се однесуваат на можноста за бесплатно изработување геодетски елаборати за легализација на дивоградбите за социјално ранливите категории граѓани, воведување регистер на цени на пазарот со недвижности и на услугата електронски шалтер на катастарот.

29.06.2014 - 11:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа