Бит фест продолжува со изненадувања - еве што ќе се случува утре

 

Бит фест продолжува да ги забавува Битолчани. Ѕирнете што ќе се случува утре.

30 јуни 

19:00 Магаза

 

Избор на етнолошки документарни филмови

„Визуелна антропологија“ - проекции на етнолошки документарни филмови

Избор на филови од меѓународниот фестивал на етнолошкиот документарен филм,

што се одржа во Кратово 2013 год., во организација на Македонското етнолошко друштво. 

Визуелната антропологија своето потекло го има од крајот на 19 век, но сеуште го нема добиено своето пошироко прифаќање. Филмовите од визуелната антропологија ги снимаат антрополози, етнолози и документаристи. Со филмовите од визуелната антропологија сме во можност да правиме компарации со нашата социокултурна средина, како и да комуницираме со нови сознанија на слики кои не опкружуваат. Антропологијата на визуелната комуникација се заснова на претпоставки да ги воочиме видливите и сликовни светови како општествени процеси.

Првите почетоци на визуелната антропологија кај нас и пошироко во регионот се снимените материјали од браќата Манаки. Хронолошкиот развој на снимањето етнолошки документрни филмови во Македонија бележи периодични остварувања со тенденција во современиот миг да ги следи денешните развојни методи и пракса во организирање на многубројни фестивали.

 

1.Кадрирањето на другите, 25 мин. Етиопија, Холандија, 2011 година

Режија Вилем Тимерс, Илја Кок

 

Племето Мурси живее во басенот на реката Онто во Етиопија. Жените од племето Мурси се познати по тоа што вметнуваат големи плочи во нивните долни усни и носат богато украсени минѓуши. Сето ова стана туристичка атракција. Секоја година стотици туристи од западните земји доаѓаат да ги видат несекојдневно украсените домородци.

 

2. Амер го доби својот пиштол, 58 мин. Израел. 2012

Режија Наоми Левари, Сар Јогев

 

Амер Абу Риа само што не стапил во војска. Спротивно на повеќето 19- годишници во Израел за кои служењето во војска е задолжително, Амер е изземен од служењето војска под претпоставка дека неговото служење во војска може да го загрози израелското општество.

 

Проектот е подготвен од Н.У. Завод  и музеј Битола, Музеј на Македонија, Дебатно кино Контра кадар и Бит Фест, а организатор е: Наде Геневска Брачиќ, етнолог, кустос-советник во Н.У. Завод и музеј Битола.

Гостин: Др- Владимир Боцев, етнолог, кустос - советник, Музеј на Македонија

 

19:30 – 23:00 Широк Сокак

Улични перформанси „Баскер Фест“

 

21:00 Магаза

Концерт на Силви Бенд

 

Силви бенд на македонската естрада постои 25 години, а досега имаат снимено 6 албуми –аудио изданија. На својот концерт во Битола на БИТ ФЕСТ публиката ќе има можност да се забавува со: „Лет на гулаб бел“, Македо ламбада, Песна за нас, Како да научам, Јас сум твојот џез, Болеро, Убавица и ѕвер, Нема проблем, I love you baby, Љубов само за мен, Бакнеж како музика, Уште една ноќ без тебе, Ако ме љубиш, Ме полудуваш, Лето, Далеку, Не сакам крај, Бакнежи врели, Само мој, Македонија, Твојте очи Лено, Романса,Ангели ме носат, Сонце по дождот, Најмил мој.

29.06.2014 - 11:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега