Поради вибратор евакуиран авионот за Сплит
Патниците во авион кој летал во правец Шведска- Сплит, биле евакуирани откако од една торба се слушнал чуден звук, што го алармирало обезбедувањето.
Тие ја пронашле спорната торба и започнале да ја испитуваат, па почувствувале вибрирање.
Откако установиле дека не станува збор за експлозивна направа, тие ја повикале сопственичката на торбата.
Девојката на која и се знае само името, Аманда (20), била замолена да ја отвори торбата, а пред сите патници таа извадила вибратор од својата торба.
Таа изјавила дека и е навистина непријатно поради случката, но подоцна и се шегувала на своја сметка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа