Славниот покераш пронајден мртов во Словенија

Јоханес Страсман исчезнал на 21. јуни. Вчера неговото тело било пронајдено во реката Љубљаница, а ДНК анализата потврдила дека станува збор за покерашот.

Словенечката полиција ја прекинала потрагата по германскиот покераш Јоханес Страсман, откако неговото тело било пронајдено во реката Љубљаница.

На телото не биле пронајдени знаци од насилство, јавува РТВ СЛО.

 

Германецот последен пат бил виден на 21. јуни, а три дена подоцна полицијата издала известување за исчезнувањето. Трупот од Љубљаница бил извлечен вчера. Претпоставките дали станува збор за покерашот, по објавената ДНК анализа, добиле официјална потврда.

Страсман бил еден од најдобрите европски покераши. Овој 29-годишен милионер во Љубљана дошол за да се состане со уште некои играчи на покер со кои тренирал.

Во потрагата по него учествувале голем број полицајци и кучиња трагачи, а на терен имало и хеликоптери.

28.06.2014 - 23:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега