Трагедија во Свети Николе: Земјоделец се удавил додека пиел вода

 

Свети Николе го потресе трагедија откако светиниколчанец се удавил додека пиел вода од селскиот вир.

Како што информираат од МВР, се работи за 56-годишниот Злате Н. од Свети Николе кој откако заедно со својата сопруга цел ден работел на нива, изморен тргнал до најблискиот вир да се напие вода, но го снемало подолго време. Неговата сопруга испаничена почнала да го бара заедно со соселаните, но за жал го пронашле како мртов плива по водата. 

По увидот е утврдено дека давење е причината за смртта.

најчитано сега