Со институт Уставна жалба до поголеми права и слободи на граѓаните
Воведување на институтот Уставна жалба е една од измените на Уставот кои ги предлага македонската Влада. Оваа измена има за цел да обезбеди поголема заштита на правата и слободите на граѓаните.
-Во Република Македонија на граѓаните досега не им стоеше на располагање овој институт, кој е претходно воведен во повеќе држави. Неговата цел е да се зајакне заштитата на човековите права и слободи дефинирани во Уставот. Со оваа иницијатива се предлага воведување на надлежност на Уставниот суд да одлучува по уставна жалба, изјавена против поединечни акти или дејствија на државните органи, единиците на локалната самоуправа или носителите на јавни овластувања со кои се повредуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот кои се однесуваат на: дискриминацијата, правото на живот, тортура, правото на слобода на човекот, презумпцијата на невиност и фер судење, слободата на уверување, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, слободата на говорот и вероисповест, јавниот настап и информирање, рече македонскиот премиер Никола Груевски на денешната прес-конференција.
Измените предвидуваат и институционална Уставна жалба, што значи дека наместо во Стразбур, сега уставниот суд ќе може да одлучува за жалби за повреда на слободи и права.
Ова е позитивно искуство од Шпанија, Германија, Австрија, Словенија....
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа