Почнуваат постите за Рамазан

 

Во Саудиска Арабија и неколку други муслимански држави, светиот муслимански месец Рамазан ќе почне утре, соопшти државната телевизија на во Ријад.

- Полумесечината, која го најавува Рамазан, не може да биде видена денеска, затоа месецот на постите ќе почне утре, јави државната саудиска телевизија.

Рамазан утре ќе почне и Обединетите Арапски Емирати, во Кувајт, во Катар, во Бахерин, во Египет, во Сирија, во Либан, во Алжир, во Тунис и во Судан. Во другите земји Рамазан почнува денеска.

Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот (лунарен) календар, еден е од двата најзначајни муслимански празници. Тоа е период во кој верниците се воздржуваат од јадење, пиење и телесни задоволства, од зори до заоѓање на сонцето. Рамазан трае 30 дена, кога настапува тридневниот рамазански Бајрам. Од постот поштедени се болните, бремените жени и тешки физички работници, верниците мора да се воздржуваат и од лоши зборови и дела.

28.06.2014 - 14:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа