Иванов работно во Сараево

 

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина, на покана од претседавачот со Претседателството на БиХ  Бакир Изетбеговиќ и градоначалникот на Сараево Иво Комшиќ.

Според информациите од Кабинетот на Иванов, македонскиот претседател вечерва во Сараево ќе присуствува на концерт што ќе го одржи Виенската филхармонија во рамки на одбележувањето на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.

- Целта на настанот е да се упати порака за мир и просперитет, толеранција, заеднички живот и меѓусебно почитување, се вели во соопштението од Кабинетот.   

Според предвиденото, на настанот ќе присуствуваат и претседателите на Австрија, Хрватска и на Црна Гора - Хајнц Фишер,  Иво Јосиповиќ и Филип Вујановиќ, и се очекува  со  нив претседателот Иванов да оствари средби. 

28.06.2014 - 10:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа