Груевски го засилува својот кабинет со раководители во различни сектори
Кабинетот на премиерот има потреба од советници и лица на раководни функции. Распишани се два огласа. На првиот се бараат лица за раководни и нераководни функции од областа на странските инвестиции, подршка на домашната економија, човечки ресурси, протокол. Сите кандидати задолжително треба да знаат англиски јазик, втор јазик ќе се смета за предност и да имаат факултетски просек од минимум 8,5.
Во вториот оглас се бараат советници за премирот и тоа 13 лица за различни сектори – за политички прашања, надворешни работи, животна средина , култура, економија, претпиемништво, иновации, земјоделство. Енергетика, транспорт и врски , телекомуникации , локална самоуправа
Огласите се објавени денеска , а сите заинтересирани можат да аплицираат електронски до 14 јули на веб страната на Влада со пополнување на посебен формулар .
На претходниот оглас на кој се бараа лица за раководни позиции во јавните институции, аплицирале речиси 1000 лица. Тој трае до 30 јуни, а во склоп на ововј оглас се бара и амбасадор во Бразил. Позоција за која може да се аплицира до 14 јули.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа