Ништо од ракометен мундијал: Украинките подобри од Македонија

Најсилната женска ракометна репрезентација претрпе и втор пораз од селекцијта на Украина, а овој денеска во Унгарија беше далеку поубедлив со 31-22 и само јасно стави до знаење дека во моментов немаме сили за да настапуваме на Светско првенство.

По поразот на домашен терен кој го ублаживме со извонредно второ полувреме, Љубомир Савевски веруваше дека неговите ракометарки ќе повторат таква игра во сите 60 минути во Кишварда, но мечот на неутрален терен уште на самиот старт најави црно сценарио за нашите најдобри репрезентативки.

Техничките грешки повторно беа пресудни за лош старт на натпреварот, а тоа беше пресудно за големо одлепување на Украинките, кои на крајот остварија и убедлива и лесна победа.

Гичевска со девет голови беше најефикасна во редовите на нашата селекција со девет голови, а на спротивната страна седум погодоци беа дело на Глибко.

11.04.2023 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега