Николовски: За 25 месеци приклучени се нови 578 мегавати енергетски капцитети од обновливи извори нa енергија

 


Енергетските политики и мерки на СДСМ обезбедија пониски цени за граѓаните за електрична енергија но и рекордно инсталирани 600 мегавати од обновливи извори на енергија, рече Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ, во Дневник 1 на МРТВ.

-За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори и практично ова е новиот еколошки РЕК Битола кога е во прашање инсталирана моќност, но сега тоа не е струја од јаглен туку е струја доминантно од сонце, но има и од ветер, вода и биомаса, рече Николовски.

Тој потенцираше дека и одлуките на РКЕ околу цената на парното ќе бидат во корист на стандардот на граѓаните, а можно е и намалување на цената.

-На берзите цената на гасот е намалена, РКЕ прави анализа, па како и сите други одлуки до сега на полето енергетика и цената на парното ќе биде во корист на граѓаните, а можно е и намалување, рече Николовски.

Освен намалување на сметките за струја, ја вративме и евтината тарифа, од 13 до 15 часот и на овој начин веќе околу 11 часа дневно граѓаните имаат евтина тарифа, а во времето на ДПМНЕ немаше евтина тарифа и само 16 мегавти имаа инсталирано од обновливи извори, рече Дарио Николовски челан на ЦО на СДСМ, во Дневникот на МРТВ.

27.02.2024 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега