Николовски од Велес: Да ги вратиме и да ги задржиме младите дома

Мојот личен и најголем мотив во оваа изборна кампања е да да ги вратиме и да ги задржиме младите тука. Младите во изминатите 11 години ја напуштаа земјата затоа што беше газено нивното достоинство. Тие заминуваа заради тоа што не веруваа во системот во правдата. Не веруваа дека работите може да се променат. Денеска гледаме дека многу работи се променети, демократијата е вратена, слободно се зборува, слободно се критикува.

Ова го порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 на коалицијата „Можеме“, на денешната трибина со граѓаните во Велес.

Тој оцени дека времето покажало дека ВМРО-ДПМНЕ прераснал во фабрика за лажни вести и манипулации бидејќи, како што рече, во 2016 година лажеа и ги бараа гласовиот од источниот регион со заплашувања за некаква кантонизација или федерализација.

– Денес ништо од тоа нема. Денес зборуваме за мерки и за политики за лицата со посебни потреби, за мерки во спортот, за мерки за младите, за тие да останат тука, а да извезуваме наши брендирани производи. Денес гледаме дека  никој не ветува НАТО и ЕУ, затоа што имаме храбри политичари, кои во краток мандат успеаја да го направат тоа што генерации и генерации политичари не успеаја да го направат. Го остварија сонот на многу генерации. Ја загрантиравме иднината на оваа земја, станавме  членка на најголемиот безбедносен сојуз во светот НАТО, а отпочнуваме и преговори за членство во ЕУ, рече Николовски.
 
Тој оцени дека Истокот од регион кој беше најзапоставуван во минатото, денеска е регион што се поврзува, регион каде најмногу се гради и каде се градат  три од четири експресни патишта се во Истокот. 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега