Николовски: Да извлечеме максимум од шансата која стои пред нас

Генералниот секретар на СДСМ и носител на Изборната единица 3 на парламентарните избори кои се одржаа пред два дена, Љупчо Николовски, на социјалните мрежи се заблагодари на граѓаните кои како што вели тој, знаеле да препознаат разлика:

-Медиумите велат “историска победа во изборната единица 3”! Велат дека се случи “чудо во третата изборна единица”! Велат дека “најголемото изненадување дојде во третата изборна единица каде со децении ВМРО-ДПМНЕ е неприкосновено”! Ви благодарам што го препознавте тоа драги мои пријатели! – напиша Николовски.

Но, да дополнам ако дозволите… Чудо е можеби за оние кои не го гледаат она што јасно им стои пред очи. Јас и мојот тим кој деноноќно работевме, работиме и ќе работиме за доброто на граѓаните не сме исти со вообичаените политичари. Влегов во политиката да покажам дека може и поинаку! Дека родена е поинаква генерација на луѓе кои сакаат да го сменат грдото лице на Македонската политика. Ви благодарам што го препознавте тоа драги мои пријатели! – порача Николовски.

-Победата дојде од тројката, така е. Точно е исто така дека ова е историска победа. За многумина е изненадување што ВМРО-ДПМНЕ падна баш таму каде Јанушев, прогнозираше 5 до 7 пратеници разлика, замислете! Но, тоа е живеење во минатото. Ова е ново време. Време на европски перспективи, вистинска слобода и демократија, време на засукување ракави и РАБОТА! Не е време за пропаганда, елитизам, непотизам, корупција и списоци.
Ви благодарам што го препознавте тоа драги пријатели! – констатира Николовски.

-Обврската и одговорноста која ми ја давате е голема. Со задоволство ја прифаќам! Ве повикувам да се здружиме и со крената глава, неплашејќи се од следните предизвици кои богами ќе ги има многу, да продолжиме напред уште посилно и посамоуверено. Да ја прошириме оваа енергија и вербата во подобро утре и надвор од нашата изборна единица. Да видат и другите дека може! Дека имате поддршка, дека има некој што мисли на вас, дека не се сите исти.
Ви благодарам што го препознавте тоа драги пријатели!

Подадете ми рака и ајде да се обединиме. Да ги искинеме ланците кои не влечат наназад. Да извлечеме максимум од шансата која стои пред нас. Јас ќе дадам се од себе како што сум давал и од првиот ден! Ве замолувам да го направите и вие истото. ОДИМЕ НАПРЕД! #Можеме – напиша Николовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2020 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега