Николоски за „Катимерини“: Нашиот пат кон ЕУ е многу тежок
Нашите граѓани заслужуваат да бидат членки на ЕУ за да имаат подобра иднина. Како Влада се обврзавме дека ќе ги спроведеме неопходните реформи што ги имаме пред нас. Нашиот пат кон ЕУ е многу тежок, вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за грчкиот весник Катимерини.
Николоски во интервјуто посочува дека како Влада веруваат во европските вредности и затоа се борат да ги обединат своите граѓани со останатите од Европската унија
„Ова што го прави Бугарија, ставајќи вето на нашите пристапни преговори е неоправдано. Не е во согласност со европските вредности. Имаме јасна цел и веруваме дека еден ден ќе бидеме рамноправни со повеќето земји во Европа“, вели Николоски.
Изразува подготвеност за изградба на интерконекторот за природен гас со Грција, објаснувајќи дека „за жал нашиот природен гас целосно доаѓа од Русија“ и затоа, како што вели, „потрeбно е да ја намалиме оваа зависност“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа