Николоски: Обезбедивме плати на Пошта и за Железници - 4400 семејства го добиваат тоа што го сработиле


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека се обезбедени средства за плати за Македонски пошти и двете железнички пртетријатија. Во продолжение Ви ја пренесуваме објавата:
 
“ Работите се менуваат – во време на СДСМ и ДУИ немаше плата, сега има!
 
Денес плата ќе добијат вработените во Македонски Пошти, а вчера добија во Македонски Железници Инфраструктура.
 
 Од понеделник ќе има плата и за Железници Транспорт.
 
 Втор месец со ред има редовна плата, а од следниот месец нема да има проблеми за плата затоа што ќе стане ефективен ребалансот на буџетот.
 
4400 семејства го добиваат тоа што го сработиле.
 
Знам дека многумина ќе речат дека исплата на плата е нормална работа, ама и тоа не беше така во времето на СДСМ и ДУИ.
 
Честитки за менаџментот на Македонски Пошти, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт.
 
Сега следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење”, објави министерот Николоски.
 

16.08.2024 - 15:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега