Николоски: Арбитражата гарантира транспарентност
Министерот за транспорт Александар Николоски денес ја отвори Конференцијата за трговска и инвестициона арбитража во организација на VIAC (Vienna Center for International Arbitration) , MAIC (Macedonian Association of in-House Counsel) и адвокатското друштво Three Crowns.
-Арбитражата како средство за решавање на спорови обезбедува стабилна економска и правна сигурност во меѓународните договори, гарантира транспарентност и предвидливост на постапките, а со тоа претставува механизам за привлекување на странски инвестиции нудејќи стабилност и правна заштита на деловните субјекти, истакна тој.
Николоски посочи дека Владата дава поддршка за организирање вакви настани со цел унапредување на процесите, поттикнување и поддржување за користење на арбитражата како средство за сигурност на инвестициите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа