Неуспешен обид за кражба во Чаир: Го украл ковертот со дневниот промет од продавачката, случен дистрибутер го начекал пред да влезе во такси и му го одзел

Вчера во СВР Скопје, И.Н.(57) од Скопје пријавила дека околу 11.15 часот пред продажен објект на подрачје на Чаир едно лице ѝ го одзело ковертот со дневниот промет од фирмата во која била вработена.

Според пријавеното, друго машко лице, кое вршело достава на производи, му го одзело ковертот на сторителот пред да влезе во такси возило и ѝ го вратил со целата сума во него.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

16.07.2024 - 16:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега