Нетанјаху: Договорот со Хамас е правилна одлука

 

 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече правилна одлука договорот со Хамас за привремен прекин на огнот со цел ослободување некои од израелските заложници и ослободување одреден број Палестинци од израелските затвори.

Според договорот, до 100 израелски заложници ќе бидат разменети за 300 палестински затвореници.

Нетанјаху, сепак, додава дека по спроведувањето на договорот за размена на заложници, војната ќе продолжи сè додека Израел не ги исполни своите цели.

Израелскиот премиер смета дека враќањето на заложниците е етичко прашање, нагласувајќи дека ќе се искористи секоја можност за конечно ослободување на сите заложници киднапирани од терористите на Хамас во убиствената кампања против Израел на 7 октомври. За еден ден таа сунитска џихадистичка група уби 1.200 луѓе, од кои повеќето млади луѓе, кои учествуваа на музички фестивал.

Израел одговори на масакрот со прогласување воена состојба и општа мобилизација и почна воздушна и копнена офанзива на Појасот Газа. Палестинското Министерство за здравство, под контрола на Хамас, тврди дека досега во таа офанзива загинале околу 16.000 луѓе, но оваа бројка подоцна беше оспорена.

Според некои извештаи, размената треба да почне в петок, а други сè уште го споменуваат четврток.

23.11.2023 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега