Несреќа во најголемиот забавен парк во Германија: Седум лица се повредени, се урна структурата од која посетителите скокале во базенот
Седум лица се повредени во несреќа што се случи во забавен парк во германскиот град Руст, во близина на границата со Франција и Швајцарија, соопшти германската полиција.
Во извештајот на германската агенција ДПА се наведува дека полицијата соопштила дека очигледно се урнала структурата од која посетителите скокаат во базенот, пренесе АП.
Администрацијата на овој најголем тематски парк во Германија соопшти дека мобилниот базен во кој се изведува „нуркачкото шоу“ пукнал, а потоа водата се излеала.
Овој парк е популарна туристичка атракција која привлече повеќе од шест милиони посетители минатата година, главно од Германија, Франција и Швајцарија.
Во паркот се одржуваат и конференции, е популарно место за јавни настани и често се користи како сет за телевизиски продукции.
Во јуни во овој забавен парк избувна голем пожар кој доведе до евакуација на посетителите, а двајца пожарникари беа полесно повредени додека го гасеа пожарот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа