Непречено се одвива гласањето во Прилеп: До 11 часот излезноста е над 17%

Непречено, без проблеми се одвива процесот на гласање во Прилеп, Кривогаштани, Долнени и во Крушево, информираат од општинските изборни комисии.

До 11 часот во Прилеп своето право на глас го остварите 17,26 проценти од вкупно запишаните 62 082 избирачи, во Долнени од 11 730 избирачи до 11 часот на гласање излегле7,6 проценти, а во општина Кривогаштани на гласање излегле 14,43 насто од 4428 граѓани со право на глас. 

24.04.2024 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега