Ненадејно почина директорот на руското бродоградилиште кое произведува подморници за војската
Директорот на големото руско бродоградилиште специјализирано за воени подморници ненадејно починал, пренесува „Скајњуз“.
Бродоградилиштето во Санкт Петербург соопшти дека директорот Александар Бузаков починал, но не се објавени детали.
Бузаков помина 11 години како директор на бродоградилиште и е заслужен за одржување и зголемување на бројот на нарачки за модерни ненуклеарни подморници, површински бродови и потопни бродови способни да нуркаат до големи длабочини.
Новинската агенција ТАСС објави дека бродоградилиштето изградило серија подобрени подморници, способни да лансираат крстосувачки ракети од типот Калибар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа