Немири во Ерусалим: Полицијата употреби водени топови, приведени шестмина демонстранти

Израелската полиција денеска употреби водени топови и уапси шестмина демонстранти пред израелскиот парламент (Кнесет) , пред клучното гласање за судските реформи.

Демонстрантите денеска протестираа блокирајќи го булеварот пред Кнесетот, во Ерусалим, каде полицијата употреби водени топови за да ги исфрли од патот. Полицајците се обидоа да ги тргнат демонстрантите од патот, но некои се врзаа со синџири за заклучување велосипеди.

Полицијата соопшти дека наишла на отпор од демонстрантите, кои фрлале и димни бомби. Според полицијата, демонстрантите не ги послушале нивните наредби, па морале да применат мерки за спречување на немири поради попречување на влезот во Кнесетот, јавуваат израелските медиуми.

Израелскиот претседател Исак Херцог рече дека земјата е во „вонредна состојба“ и апелираше до политичките лидери да постигнат компромис.

24.07.2023 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега