Нема промена во цените на услугите кои ги нуди ЈП „Градски паркинг“ - Скопје

 

ЈП „Градски Паркинг“ - Скопје испрати соопштение до јавноста во кое посочи цека цените на услугите што ги нуди претпријатието, по сите основи, остануваат непроменити и се согласно „Ценовникот на услуги на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје.

 

Во моментов цените на услугите на пајак службата се непроменети и изнесуваат:

 

-       

2500 денари - подигнување и пренос на возило до „Депо Пајак“ по налог на овластено лице,

 

-       

3500 денари - подигнување на возило од зелена површина,

 

-       

1500 денари - подигнување на непрописно паркирано возило по налог на овластено лице, кога сопственикот се појавува на лице место и самостојно го отстранува,

 

-       

1000 денари - повик од трето лице за транспорт на 1-10 возила и

 

-       

800 денари  - повик од трето лице за транспорт на повеќе од 10 возила.

 

 

 

Од претпријатието апелираат до граѓаните и корисниците на нашите услуги да не обраќаат внимание на шпекулации и за сите прашања слободно да се обратат до службите на претпријатието.

 

 

06.10.2022 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега