Нема да му недостига Белата куќа: Трамп по мандатот се пресели на Флорида- Имотот во „Редот на милијардерите“ гледа кон океаноти чини милиони долари (ВИДЕО)

Доналд Трамп се пресели од Белата куќа во уште поголема куќа, резиденцијата на Мар-а-Лаго на Флорида.

Мар-а-Лаго, или „Зимска бела куќа“ е на 22-то место на ранг-листата на најголеми куќи во САД, со 5.800 квадратни метри, додека Белата куќа во Вашингтон е на 33-то место со 5.100 квадратни метри.

Приватниот клуб и одморалиштето на Трамп во Палм Бич беше засолниште за неговото семејство додека беше претседател и кога сакаше да се одмори, а сега тоа ќе биде неговото место на постојан престој, пишува „Бизнис инсајдер“.

Трамп го купи целиот имот, кој има осум хектари, во 1985 година за осум милиони долари и го избра за своја официјална резиденција, наместо во Њујорк, во 2019 година.

Членарината во неговиот клуб чини 200 000 $, без да се сметаат годишната такса од 14 000 $ и задолжителните минимални трошоци за ручек од 2000 $. Се проценува дека клубот брои околу 500 члена.

Мар-а-Лаго излегува од едната страна кон Атлантскиот океан, а од друга до крајбрежниот канал кој е поврзан со океанот.

Зградата, изградена во 1927 година, има 128 соби. а соседството има неофицијално име „Орден на милијардери“. Според Блумберг, просечниот годишен приход во оваа област е 1,37 милиони долари по лице, што е трет најголем приход за дел од градот кој има свој поштенски код во САД.

Според американските медиуми, Трамп заработувал помеѓу 15 и 25 милиони долари годишно од овој имот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега