Неговото богаство достигна 100 милајрди долари: Марк Цукерберг претендира да биде најбогат во светот

 

Шефовите на технолошките гиганти во последно време се под лупата на јавноста но и на властите поради постојаниот раст на моќта на нивните компании и повеќекратното зголемување на нивното лично богатство.

Богатството на основачот на најголемата социјална мрежа во светот, Марк Цукерберг се зголеми на 100 милијарди долари, откако Facebook ја започна новата услуга со кратки видеа.

Личното богатство на Цукерберг оваа година за зголеми за 22 милиајрди долари, а на Џеф Безос за повеќе од 75 милијарди долари, покажуваат податоците на агенцијата Blomberg.

Компанијата во средата во САД го покрена Instagram Reels, конкурен на кинеската апликација TikTok. Поради тоа акциите на Facebook во четвртокот поскапеле за повеќе од 6 отсто.

Уделот на Цукерберг во компанијата изнесува 13 отсто. Со тоа тој влегува во друштвото на „супермилијардерите“ со капитал поголем од 100 милијарди долари, во кои се основачот на Amazon, Џеф Безос, и на Microsoft, Бил Гејтс.

Компаниите Facebook, Amazon, Apple и Google се меѓу најголемите добитници од воведувањето на карантинските мерки поради пандемијата на коронавирусот, бидејќи сѐ поголеми се купувањата, забавите и дружењата преку интернет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега