„Не знаев колку е стар“ – туристот што го оштети Колосеумот напиша покајаничко писмо до градоначалникот на Рим

 

Туристот од Англија, со бугарско потекло, Иван Димитров (27), обвинет за оштетување на Колосеумот во Рим, тврди дека не бил свесен за староста на античкиот споменик.

Димитров кој  работи како фитнес тренер неодамна со клуч го врежа своето име и името на својата девојка на внатрешниот ѕид на 2.000 години стариот Колосеум.

На ѕидот го издлабил натписот „Иван + Хејли 23“. За ова мда добие голема парична казна, а доколку се суди во Италија, може да добие и до пет години затвор.

Младиот човек напишал писмо со извинување до градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, пишува Гардијан.

„Срам ми е, дури подоцна дознав колку е стар споменикот“

Полицијата го пронашла Димитров во Англија по пет дена потрага. Во писмото до градоначалникот на Рим, туристот напишал дека дури сега ја сфатил сериозноста на делото што го направил.

„Со ова писмо сакам искрено да им се извинам на Италијанците и на целиот свет затоа што нанесов штета на дело кое, всушност, е наследство на целото човештво“, напиша Димитров во писмото.

„За мене е срамно, за жал дури подоцна дознав колку е стар споменикот“, напиша момчето.

Димитров е под истрага за оштетување културен споменик. Доколку биде осуден, ќе се соочи со парична казна од 2.500 до 15.000 евра и затворска казна од две до пет години.

Неговата девојка Хејли не е под истрага. Сепак, италијанските медиуми пишуваат дека таа би можела да се смета за соучесник.

Адвокатот на младиот човек, Александро Марија Тирели, за италијанскиот весник Il Messaggero изјавил дека неговиот клиент е „прототип на странец кој верувал дека во Италија се е дозволено“.

„Дури и она што би било строго казнето во неговата земја“, рекол адвокатот, пренесува „Гардијан“.

05.07.2023 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега