Не се бањал, перел и не миел заби - Сега жена му ќе заработи богатство

Жена од Турција поднела барање за развод од својот сопруг.

Во барањето го обвинила својот сопруг дека не се капел со денови, забите ги миел еднаш на две недели а облеката не ја менувал и по цела недела.

Судот ја прифатил причината која ја навела сопругата во барањето, како доволна основа за раскинување на нивниот брак и го смета сопругот целосно одговорен за неговиот распад.

Покрај тоа Турскиот Суд донел одлука сопругот да и плати оштета на сопругата во вредност од 500.000 турски лири (16.475 долари), пренесува „Хуриет дејли њуз“.

Одлуката била потврдена и од Апелацискиот суд кој се изјаснил дека сопругот како странка која ја занемарила личната хигиена сноси целосна вина за околностите кои довеле до развод.

30.01.2024 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега