Не излегувајте ако немате потреба: Температури до 38 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. UV=8

Во Скопје претежно сончево и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 36 степени.

10.08.2024 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега