Навреме отворени гласачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Навреме се отворени гласачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа денеска општинските изборни комисии.

Елизабета Стојковска, претседателка ОИК Куманово соопшти дека сите избирачки места навреме се отворени. Во Куманово, право на глас имаат 93.364 гласачи, кои гласаат на 167 избирачки места

- Гласањето почна навреме и во Липково, информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири. Во оваа општина право на глас имаат 25.998 избирачи кои гласаат на 36 места.

Претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Марјан Даиловски, рече дека навреме се отворени гласачките места. Во Старо Нагоричане право на глас имаат има 3.043 гласачи, кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ќе ги опслужуваат 36 избирачки одбори

24.04.2024 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега