Навивачите полека се враќаат на стадионите во Англија

Првпат по речиси шест месеци публиката ќе смее да ги следи натпреварите во Англија.

Претстојниот викенд Брајтон и Челси ќе бидат првите каде ќе навивачите ќе се вратат на стадион, но со намален капацитет.

Ова уследи откако Владата сака да направи тест на спорстките настани.

За почеток само 2.500 луѓе ќе смеат да бидат на трибините, но и тоа е напредок со оглед на досегашната ситуација.

Натпреварот меѓу Брајтон и Челси се игра в недела, односно речиси еден месец пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата, закажан за 12 септември.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.08.2020 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега