Нашол изгубен паричник од штипјанец и со картичките плаќал на интернет

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.М.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавениот, на 18.09.2023 пронашол изгубен паричник со банкарски картички на лице од Штип, неовластено навлегол во електронскиот систем на трансакциските сметки на лицето и со неговите картички извршил неколку неуспешни трансакции на интернет.

22.01.2024 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега