Намален број на одобренија за градење во август: Пад од 20.1%

 


Во август годинава издадени се 275 одобренија за градење, што е за 20.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 851 654 илјади денари,
што е за 31.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 165 (60.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 45
(16.4 %) за објекти од нискоградба и 65 (23.6 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 275 објекти, на 167 (60.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 108 (39.3 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 531 стан, со вкупна корисна површина од 52 648 м2.

10.10.2024 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега