Налепниците „НМК“ се лепат под видео надзор: Гужви пред техничките прегледи во Штип

Секретарот на АМД-Штип, Роберт Рогожаров изјави дека се Пристигнати  налепниците со НМК за возилата во станиците за технички преглед во АМД-Штип.

Рогожаров вели дека утринава добиле четири типа на налепници за возилата.

Kaко што гледате после долго време најавување, утрово пристигнаа и ги донесоа налепниците од страна на МВР. Она што можам да го кажам е дека има критериум по кој ќе се местат овие налепници. Најпрвин да ви кажам дека има четири врсти за мали моторцикли, за моторцикли, за автомобили со регистерски таблички со три бројки и стандардните таблици. Контролорите пред камера треба да лепат овие налепници и ние сме обврзани да водеме посебна евиденција, по основ на тоа на кои се доделени“ - вели Рогожаров.

Прашан за поставување на налепниците со НМК под видео надзор, Рогожаров вели дека ова е донесено од страна на институциите, а какошто вели тој оваа постапка е само „парадирање“.

Нема никаков основ, или имате или немате налепница, која е таа логика тоа да се прави на камера, но еве така одлучила државата, така и ќе правеме додава Рогожаров.

12.02.2024 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега