Најстудено на Попова Шапка - утрово измерени минус 9 степени

 

Минус девет степени се измерени изутрина во седум часот во Попова Шапка,  каде има снежна покривка од 11 сантиметри. Четири степени по нулата се регистрирани во Маврови Анови и Крушево,  – 3 во Лазарополе, -2 во Берово, Претор и во Дебар,  -1 во Охрид, 0 во Битола, Прилеп, Крива Паланка, Струмица, 2 во Тетово, Виница, Куманово, 3 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, а 6 во Гевгелија и во Дојран.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролоѓки работи (УХМР), во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време, освен во југозападните делови и на крајниот југоисток каде утрово е сончево со мала облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

12.01.2023 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега