Најсмртоносен земјотрес во Кина во последните 13 години

 

Силен земјотрес ја погоди Кина во понеделникот во 23:59 часот по локално време на длабочина од 10 километри во округот Џишишан во Гансу, кој се наоѓа на околу 100 километри југозападно од главниот град на провинцијата Ланжу.

Во земјотресот со јачина од 6,2 степени беа повредени најмалку 500 луѓе, а оштетени се околу 6.400 куќи во областа, како и инфраструктура.

Во вторникот наутро беше потврдено дека околу 113 лица го загубиле животот и дека 536 се повредени во провинцијата Гансу, од кои 16 се во критична состојба.

Во Чингхаи загинаа 13 лица, додека 182 лица беа повредени.

Така, вкупно од земјотресот животот го загубија најмалку 126 лица, а над 700 се повредени.

Кингхаи е област северно од епицентарот, каде 20 лица се водат како исчезнати откако биле затрупани во лизгање на земјиштето.

Силен земјотрес бил почувствуван и во други делови во близина на епицентарот, а потоа следувале уште 32 земјотреси од кои најсилниот бил со јачина од 4 степени.

На околу 3.000 километри оддалеченост од епицентарот се случи уште еден забележително силен земјотрес. Во вторникот во 9 часот и 46 минути по локално време силен земјотрес со јачина од 5,5 степени и длабочина од 10 километри го погоди регионот на Синџан.

Спасувачки мисии и помош од кинеската држава

Кинеското Министерство за финансии и Министерството за вонредни ситуации денеска доделија 200 милиони јуани (28 милиони долари) помош за погодените провинции Гансу и Чингхаи.

Најголем проблем во моментов е температурата во овој регион. Имено, температурата во градот Линксиа, во провинцијата Гансу, кој се наоѓа во близина на местото на земјотресот, во вторник наутро била околу -14 степени Целзиусови.

Бидејќи се работи за високо подрачје со студени временски услови, спасувачкиот тим е принуден да работи на спречување на секундарни катастрофи кои може да се случат во овој регион.

Путин испрати трогателна порака до Кси Џинпинг

Имајќи го предвид пријателството меѓу двете земји, не е чудно што рускиот претседател испрати порака со сочувство и поддршка до својот кинески колега.

„Во Русија сочувствуваме со оние кои ги загубија своите најблиски во оваа катастрофа и се надеваме на брзо закрепнување на повредените“, се вели во пораката на Путин.

Најсилниот земјотрес во Кина во последните 13 години

Бидејќи Кина се наоѓа во регион каде што се среќаваат бројни тектонски плочи – особено евроазиските, индиските и пацифичките плочи – оваа азиска земја често е подложна на земјотреси.

Во септември 2022 година, повеќе од 60 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала во провинцијата Сечуан.

Досега земјотресот Гансу однесе најмногу жртви во Кина во последните 13 години, односно од разорниот земјотрес во 2010 година во Јушу, провинцијата Кингхаи, однесе речиси 2.700 животи.

19.12.2023 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега